Мухамед Мешиќ: Босанецот кој зборува 56 јазици

Мухамед Мешиќ од Тузла, Босна е вистински феномен, бидеќи говори 56 јазици.

Тој е и јапонолог и хебреист, а во 2010 ја добил и престижната „Бреинсворк“ награда.

„Важно е да се има желба, а јас ја имав. Силната човекова волја е чудо, таа е главниот „виновник“ за нашите успеси. Светот на другите јазици е различен… перспективата е поинаква кога еден збор ќе се преведе на неколку јазици. Прв странски јазик со кој имав контакт, беше грчкиот, додека како мал бев на летување во Грција. Ете тоа ме инспирираше“, изјави Мешиќ за „Ал Џезира Балкан“, додавајќи дека за совладување на основните вештини на некој јазик, му се потребни само неколку седмици.