Џиџи Хадид и Кендал Џенер се новите ѕвезди на магазинот „W“, а за нивната насловна страна денес сите зборуваат.
По повод 10-годишнината на списанието, моделите носат исти фустани и изгледа како да кампуваат на отворено во шатори.
Навидум е сосема обична фотографија, но ако подобро се загледате во моделите ќе сфатите дека се претерало со фотошоп па им недостасуваат колената.
Но, доколку ги погледнете останатите фотографии ќе сфатите дека фотошопот игра главна улога во едиторијалот, бидејќи и тие изгледаат чудно.