Украински бизнисмен подарува iPhone 7: Што треба да направите за да го добиете

Украински бизнисмен почнал акција со мотото „Што сте подготвени да направите за да добиете iPhone 7?“

Според условите на спроведување на акцијата, петмина ќе бидат среќници, кои ќе добијат iPhone во црна боја, а за таа цел треба да го променат името и презимето во личната карта.

ајфон 7

Првото им име треба да биде Ајфон, а второто Седум. Потоа треба да се фотографираат со лична карта и да ја испратат фотографијата на електронска адреса iPhone7@allo.ua, заедно со телефон за фидбек.

По потврдување на промената на податоците во пасошот, ентузијастот треба да отиде во канцеларијата на фирмата. Таму ќе добие својот нов iPhone 7.

ајфон 7