Пинџур од суви пиперки и компири

Состојки:

15-20 суви пиперки
1 кг компири
1/2 праз (ситно исечкан)
1 дл масло за јадење
сол (по вкус)

Подготовка:

Во длабок сад за варење на дното поставете ги убаво измиените суви пиперки. Врз нив наредете ги убаво измиените компири (со лушпата). Сварете ги на тивок оган.

Извадете ги компирите од врелата вода за малку да се подоладат (за полесно да ги излупите). На пиперките извадете им ги дршките, исечкајте ги ситно и заедно со празот ставете ги во сад за толчење.

Излупете ги и компирите и додајте ги кај пиперките и празот. Посолете малку и убаво истолчете ја смесата. Ако е потребно, досолете.

Загрејте го маслото за јадење за кога ќе го додавате во смесата да чврчори. Убаво промешајте и уживајте.

пинџур