Пејачот исвиркан: Џастин Бибер го напушти сопствениот концерт (видео)

На славниот 22-годишен пејач Џастин Бибер изгледа не му годеше концертот во Манчестер, односно публиката.

Тој во еден момент го фрли микрофонот и побегна од бината, откако го исвиркаа дека многу зборел.

џастин бибер

Џастин држел кратки говори помеѓу песните, а публиката почнала да негодува, зошто сакале да го слушаат како пее, а не како зборува.

Тоа ја изнервира па младата ѕвезда им кажа „ Изгледа Манчестер не може да се носи со мене. Затоа ќе престанам да зборувам“.