Пејачката стравува за својот живот: Шинејд О’Конор итно оперирана

Ирската пејачка Шинејд О’Конор минатата година се подложи на хистеректомија (отстранување на горниот дел од матката), а последните денови се жалела на болки кои се јавиле како последица од заменска терапија на хормони.

За своите здравствени проблеми славната пејачка редовно известувала преку социјалните мрежи.

шинеј оконор

„Морам во Итна! Црниот дроб ми е „зафркнат“ и ме убива! Не можам нормално да дишам! Ова ви го пишувам, бидејќи сум осамена. Приказна на мојот живот. Би сакала да не сум сама на овој свет. Па веројатно некому нешто му значам по сите овие години. Во шок сум бидејќи сум толку осамена“, напишала пејачката на својот официјален профил на Фејсбук.

шинеј оконор