По паузата, пристигна уште едно караоке на Џејмс Корден и тоа овој пат со Лејди Гага.
Тие се возеа низ улиците на Лос Анџелес пеејќи ги добро познатите песни на Гага, но и дел од нејзините хитови од најновиот албумот „Joanne“.
Wow! Number 2 and 3 in the world! #GagaCarpool pic.twitter.com/dbuhohvD5l
— James Corden (@JKCorden) October 27, 2016
Џејмс ова караоке го најави како „Најдобриот ден во животот“ на неговиот профил на Твитер.
Албумот на Лејди Гага, кој беше објавен на 21 октомври, во рекордно време се искачи на првата позиција на листите на iTunes, што е навистина голем успех за пејачката.