Сеуште во љубов: Лејди Гага сака да се смири со поранешниот свршеник

Поп пејачката Лејди Гага не може да го преболи раскинувањето со актерот Тејлор Кини, со кого ја раскина свршувачката во јуни.

Како што навел извор близок на спарот пејачката на сите начини се обидува да се смири со свршеникот.

„Секојдневно комуницираат, Гага му се јавува секој ден и двајцата сакаат на врската да ѝ дадат уште една шанса“.

Лејди Гага и Тејлор Кини

Освен тоа, изворот тврди дека Тејлор ја раскинал свршувачката со пејачката, бидејќи повеќе не можел да ја трпи нејзината љубомора.

„Гага стана опседната со нивната врска. На пример, кога го снимаше последниот филм константно му се јавуваше и го проверуваше. Дури се спријатели и со остатокот од филмската екипа, само за да може во секој момент да знае каде е, и што прави. Тој повеќе не можеше да издржи, па ја раскина свршувачката со неа“, изјавил изворот.

Лејди Гага и Тејлор Кини