Балканците го обожаваат: Том Хенкс стана хит со новите фотографии

Актерот Том Хенкс повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи.

Тој на својот профил на Фејсбук објави фотографии на кои се гледа дека позира, како што наведе, со двата свои нови автомобили, „Застава 750“, кој кај нашиот народ е познат под името „Фичо“, како и со „Фијат 126“, прочуената пеглица.

„Многумина се возбудени поради мојот нов автомобил“, напиша Хенкс и објави фотографија со пеглата.

Да потсетиме и едниот и другиот автомобил беа исклучително популарни во поранешна Југославија.