Хајди Клум важи за кралица на „Ноќта на вештерките“ кога станува збор за маските.
Моделот досега многу пати не воодушеви со своите трансформации, па така беше и оваа година.
За прв пат Хајди не се маскираше, таа реши да ги маскира останатите во самата себе.
Моделот на традиционалната забава за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк се појави со 5 свои клонови!
Тие на црвениот тепих беа донесени во посебна кутија на која пишуваше „Направено во Германија“, а во неа се наоѓаа девојките.
Хајди ги збуни сите на црвениот тепих, но и на забавата.