Џенифер Анистон и Џастин Тероу се трудеа да ги избегнат медиумските прашања за разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли, но изгледа дека нејзиниот сопруг одлучи да му испрати порака на актерот.
45-годишниот Тероу на социјалните мрежи објави фотографија на графит со кој го изрази своето мислење за претстојните американски претседателски избори.
На фотографијата се гледа девојка како го гризе својот среден прст, а опкружена е со зборовите „Fuck politics“, „Fuck war“ и „Fuck Brаd Pitt“.
Детаљот за Бред Пит го забележаа сите и сметаат дека ова е скриена порака до екс сопругот на Анистон.
Бред Пит ја остави Џенифер Анистон откако на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година ја запозна Анџелина Џоли, која, пак, сега од него се разведува.