Австралиската компанија „Showpo“ работи на нова технологија од која материјалите кои ги носиме менуваат боја.
Во видеото каде се прикажува фустан направен од ваков материјал, генералниот директор на Showpo, Џејн Лу кажува дека работат на овој проект некое време, како и дека ова е „технологија на сосема ново ниво“.
Според интервјуто кое го дала директорката, фустанот е направен од „специјален материјал кој рефлектира различни светлосни фрекфренции“ и е поврзан со направа која може да ја менува фрекфренцијата.