Тортелини со колбаси и сос од домати

Состојки:

450 грама колбаси
115 грама сецкан кромид
500 грама тортелини
500 грама домати од конзерва
240 мл пилешка супа или вода
Сол
Бибер
2 лажици крем сирење
460 грама исечкано чедар сирење
Млад кромид за декорација

Подготовка:

Во масло пржете го кромидот додека не омекне. Додадете ги исечканите колбаси и пржете додека не заруменат. Додадете ја пилешката супа, доматите и зачините.Гответе не тивок оган околу 15 минути.

Во меѓувреме сварете ги тестенините ал денте.

Додадете го сосот со колбаси врз тестенините.Додадете ги сирењата но оставете и мал дел кој ќе го посипете врз тестенините додека сервирате. Покријте го садот и оставете да отстои десет минути.

Пред послужувањето, посипете со останатото сирење и парчиња млад кромид. Сервирајте ги топли.

тортелини