Рајан Рејнолдс го откри полот на второто дете кое пред неколку недели го доби со неговата сопруга Блејк Лајвли.
Во шоуто на „Конан“, актерот изјави:
„Сега има премногу естроген на едно место. Како американските кукли да ми се поср..е на животот!“
Дека оваа изјава не била планирана докажа неговата сопруга Блејк.
Актерката неколку часа по појавувањето на Рајан во шоуто објави фотографија на која има колач и млеко, а под која напиша:
„Рајан е во голема неволја“.
Инаку парот веќе ја има 2-годишната ќерка Џејмс.