По повеќе од еден месец откако холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поднесе барање за разведување на бракот, нејзиниот сопруг Бред Пит конечно ги потпиша документите, јавуваат американските медиуми во неделата.
41-годишната Анџелина Џоли поднесе барање за развод на 19-ти септември, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина за растурање на брачната заедница и побара исклучиво старателство над шесте деца на возраст од осум до 15 години.
Меѓутоа, 52-годишниот Бред Пит бара поделба на старателството над децата.
Иако Џоли му дозволува да ги посетува нивните шест деца „доколку им биде гарантирано здравјето и безбедноста“, Пит и натаму има намера да го подели старателството над Мадокс, Пакс, Захар, Шилох, Нокс и Вивиен, што во медиумите се толкува како најава за долга битка пред судовите.