55-годишниот американски дизајнер и режисер, Том Форд во текот на неколку години се бори со алохолизмот.
“Имав ужасни проблеми со алкохолот. Не требаше да бидам до Џејк (син на дизајнерот) во тој момент, во таква состојба, би можел да го турнам по скалите или да го изгорам со цигара“, вели за искуствата дизајнерот.
“Секогаш силно сум сакал да имам деца. Но не знаев дека татковството е толку комплицирано нешто “, продолжува Том Форд, додавајќи дека за време на неговата борба со алкохолот и зависност постојано имал самоубиствени мисли.
Денес дизајнерот е добро, но кога бил на 40 години, вели дека практично не успеал да се контролира.
“Бев во депресија. Кога си во депресија, пиеш повеќе, а кога пиеш повеќе депресијата станува подлабока.Покрај алкохолот душман е и дрогата. Колку посилно си обземен, толку потешко е да се вратиш во реалноста “, раскажува Том Форд.