Џастин Бибер освои најмногу награди на синоќешното доделување на музичките награди „MTV EMA“ во Ротердам, додека фаворитот Бијонсе остана без ниедна награда.
Бибер доби три награди, од кои една за најдобра песна „Sorry“ и уметник со најголем број фанови. Ексцентричната пејачка Леди Гага освои награда за најдобра уметница и за најдобар сценски изглед.
Ниту Бибер ниту Гага не беа присутни на доделувањето на наградите.
Калифорниската група „Green Day“ ја освои наградата „меѓународна икона“, додека наградата „откритие на годината“ е доделена на младата шведска пејачка Зара Ларсон.
Домаќинка на церемонијата беше пејачката Биби Рекса.
На церемонијата настапуваа, помеѓу останатите, „The Weeknd“,„DNCE“ и Бруно Марс.
Бендот С.А.Р.С. е овогодинашниот добитник на наградата „MTV Best Adria Act“.
Во конкуренцијата за ова престижно „MTV“ признание беа уште „Елементал“, Луце, „Сидарта“ и Тони Зен, а благодарение на најголемиот број гласови од публиката од целиот регион, бендот С.А.Р.С. ја однесе победата.