Фондацијата Ејми Вајнхаус организира натпревар: Ќе се преработуваат песни од албумот „Back to Black“
За да се прослави десетгодишнината од последниот албум на Ејми Вајнхаус „Back to Black“, Ајленд рекордс и нејзината фондација започнаа глобален натпревар за преработка на песните од овој албум.
Победникот ќе ја има можноста да ја снима својата преработка во студио со продуцентите на албумот Марк Ронсон и Салаам Реми, кои исто така ќе бидат дел од жирито на натпреварот.
За да се учествува на натпреварот, потребно е да се посети Јутјуб каналот на Ејми Вајнхаус и да се најдат текстовите за четирите песни „Tears Dry on Their Own,” „Just Friends,” „Rehab,” и „Back to Black”.
Средствата собрани од овој натпревар ќе бидат наменети за Фондацијата Ејми Вајнхаус, која користи музичко образование и терапија за за да им помогне на младите да ги надминат проблемите поврзани со бездомништво, менталното здравје, дрогата и алкохолот.