Бела Хадид во костимот за модната ревија на Викторија Сикрет

Бела Хадид за првпат ќе се појави на модната ревија на “Victoria’s Secret”, а ќе чекори покрај својата сестра Џиџи Хадид, која лани дебитираше на ова модно шоу.

Магазинот “People” објави фотографија од пробата на костимите за шоуто, каде можеме да видиме како ќе изгледаат првите крилја на Бела.

Бела Хадид

„Kако диско-топка е, толку светкав и прекрасен”, изјави Бела за костимот.

Таа ќе носи два костими, од кои вториот се чува во тајност за да биде презентиран на самото шоу.

Бела Хадид