Калвин Харис ѝ се заблагодари на неговата поранешна девојка, Тејлор Свифт, за нејзината соработка на неговиот хит “This Is What You Came For”, неколку месеци откако ја нападна, кога таа си зема заслуга за нејзината вмешаност во песната.
32-годишниот шкотски диџеј, на својот профил на Твитер ја изрази неговата благодарност кон поп ѕвездата затоа што синглот, премина во двојна платинеста категорија во Велика Британија.
Тој напиша: “Јас сум благословен што работам со неверојатни уметници. Ријана, Тејлор Свифт, ви благодарам!”