Конечно излезе долго очекуваната божиќна реклама на „John Lewis“

Излезе новата божиќна реклама на британскиот трговски синџир „John Lewis“, која стана популарна со емотивните видеа пред празникот.

Овогодинешниот клип на „John Lewis“ е исто толку трогателен, но поскоро ќе ве насмее отколку што ќе ви расплака.

Спотот се нарекува „Боксерот Бастер“, а главни ликови во него се мало девојче по име Бриџит, нејзините родители и боксерот Бастер.