Два месеци по грабежот во Париз, познатата старлета Ким Кардашијан не може да се опорави од шокот што го доживеа кога вооружени напаѓачи упаднаа во нејзиниот стан и под закана со оружје украдоа накит вреден 11,2 милиони долари.
Ким има кошмари поради грабежот, а единствена личност со која е во постојан контакт, освен семејството и блиските пријатели, е нејзиниот психијатар кој се обидува да и помогне да го надмине овој тежок период.
Поради тоа Ким три пати во неделата оди на тарапија бидејќи сака да продолжи со нормалниот живот, односно со животот каков што и бил пред грабежот.