Твитерџиката Кристи Бракер го освои целиот интернет со својата величествена фотомонтажа на сите славни личности кои умреле оваа година.
Повеќе од 40 музичари, спортисти, актери и ТВ-лица кои починаа годинава се нашле на постерот кој по само неколку часа станал вирален.
Кристи била инспирирана од обвивката на легендарниот албум на Битлси „Sgt’ Peppers Lonely Hearts Club Band“, а првата верзија на постерот се споделувала на интернет без ликот на Леонард Коен, кој почина во петокот.