Џастин Бибер подготвува големо изненадување за десет свои фанови,но тоа сепак доаѓа со висока цена.
22-годишниот пејач нуди неколку ВИП билети со цена од 40 000 долари за новогодишниот концерт кој ќе се одржи во хотелот со пет ѕвезди „Fontainebleau“ во Мајами.
ВИП пакетот е лимитиран и вклучува доста задоволства како ноќевање во елитниот хотел, персонален готвач, пристап до забава на јахта и неограничен пристап до луксузните возила Ферари 488 Спајдер, Ламборџини Авендатор и Ролс Ројс Фантом.
За жал, и покрај неверојатниот луксуз, фановите нема да имаат шанса да си поприкажат и да се сретнат на 4 очи со поп идолот.