Том Круз веќе со години е познат како еден од најлојалните следбеници на скиентологијата, збир на верувања и учења чијашто идеологија се темели на делата на американскиот писател Л. Рон Хубард.
Холивудскиот актер на скиентолошката црква ѝ донирал 10 милиони долари со надеж дека во случај на пропаст на светот ќе му биде допуштено да живее во нивното тајно подземно средиште во Ново Мексико.
Освен тоа, неговите најмрачни тајни се чуваат во неуништлив трезор заедно со оние на Џон Траволта, Кристи Ели и останатите членови на оваа црква, а кои ги признале во текот на процесот на аудицијата.
Трезорот е скриен во пустина и оддалечен од другите населени подрачја, а го чуваат диви кучиња и војска со снајпери.
Иако црквата ја демантирала оваа информација, извор тврди дека следбениците на оваа црква на Л. Рон Хубард му ги приготвуваат омилените оброци кои подоцна ги фрлаат во отпадок, бидејќи починал пред 30 години.