Девојката на принцот Хари исплашена: Добивам закани

Меган Маркeл, новата девојка на британскиот принц Хари, изјави за британскиот новинар Пирс Морган дека добива закани.

Откако стана јасно дека Маркел е новата љубов на Хари, медиумите почнаа да се натпреваруваат да ја следат и пишуваат за неа.

Тоа го натера дури и самиот принц да ги замоли да прекинат со оваа агресија и за дел од коментарите кажа дека се расистички.

Според многумина, Хари ги прекршил кралските традиции бидејќи започнал врска со мулаткиња.

меган маркел