Актерите кои се прославија со улогите во серијата „Беверли Хилс 90210“ , повторно се собрале на настан во Чикаго кој ја слави поп културата од последните 20 години од минатиот век.
Освен Тори, која во серијата ја глумеше Дона Самер, на настанот се појавиле и Џејсон Присли (Брендон Волш), Лук Пери (Дилан Мекеј), Џени Гарт (Кели Тејлор), Габриел Картерис (Андреа Зукермен), Винсент Јанг (Ноа Хантер) и Кристин Елис (Емили Валентајн).
Поранешните колеги особено ја истакнале важноста на ликот на Шенон Доерти, која ја глумеше Бренда Волш. Шенон не можела да појде на собирот, но била присутна со духот.
Многу ѕвезди од серијата не успејаа да ја задржат славата по завршувањето на серијата во 2000 година.
Инаку, на собирот освен Шенон, не се појавиле ниту Иан Зиринг кој го глумеше Стив Сандерс, како ни Брајан Остин Грин, кој го толкуваше ликот на Дејвид Силвер.