Дваесет и шест храбри пливачи, го преплива Мртвото Море од Јорданскиот до Израелскиот брег, што е прв таков потфат кога било преземен.
Настанот е организиран од асоцијацијата „Еко-Пис“, а пливачите растојанието од 15 километри го препливаа за седум часа.
„Беше потешко отколку што очекував. Комбинацијата од сонце и сол на кожата е многу иритирачка, како цело време да горите“, изјави 40-годишниот Шпанец Самуел Моран.

Експертите предупредуваат дека водната површина што на пример, во однос на густината и концентрацијата, содржи десетпати повеќе сол од Средоземното Море, би можела да пресуши до 2050 година.
Овој настан е организиран за да се подигне свеста за негово зачувување, истакна Гидеон Бромберг, директор за „Еко-пис“ за Блискиот Исток.

