Лилјак слета на главата на британската поп дива Адел за време на концерт во Мексико, пренесува Би-Би-Си.
Пејачката почна да бега по сцената, викајќи на микрофонот: „Има лилјак! Ми застана на главата! Боже мој, гаден лилјак! Среќна сум што сум тука, но овој гаден лилјак … “.
Откако животното ја оставило на мир, Адел продолжила со настапите на концертот, кој е дел од светската турнеја на пејачката, која започна во февруари во Белфаст.