Раперот Кание Вест изјави дека не излегол на гласање на американските претседателски избори и додаде дека во случај да излегол да гласа, во тој случај својот глас би му го дал на сега веќе победникот на изборите, новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп.
На аматерска снимка на еден негов синоќашен концерт во калифорнискиот град Сан Хозе може да се слушне незадоволството на публиката, токму поради оваа негова изјава.
„Понекогаш можеби не треба да го добиете она што го сакате за во иднина да сватите што всушност треба да направите за да го добиете она што вистински го сакате“, изјавил Кание.