Овен
РАБОТА: Во оваа недела ќе имате многу работа и ќе бидете под огромен стрес, пронајдете начин како да се смирите.
ЉУБОВ: Оваа недела ќе биде одлична за слободните, тие насекаде ќе наоѓаат шанси за добра врска. Оние во врска ќе имаат проблеми.
ЗДРАВЈЕ: Ќе имате зголемен апетит, внимавајте на исхраната.
Бик
РАБОТА: Бидете внимателни некој од колегите се обидува да го наруши вашиот кредибилитет.
ЉУБОВ: Некое лице ви обрнува доста внимание, но сепак сеуште не сте подготвени за зрела врска. Оние во врска или брак ќе треба поискрено да зборуваат со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот или зглобовите.
Близнаци
РАБОТА: Владетелот на вашиот знак е во неповолен аспект со Нептун и може да ве доведе до проблеми на деловен план, внимавајте на концентрацијата.
ЉУБОВ: Што и да правите бидете отворени со партнерот. Не премолчувајте ништо, тоа ќе и наштети на вашата врска.
ЗДРАВЈЕ: Можен е пад на имунитетот.
Рак
РАБОТА: Сте преземале премногу обврски па не знаете како да излезете на крај со нив. Побарајте помош од некој соработник.
ЉУБОВ: Зафатените ќе сакаат повеќе да излегуваат, да бидат во големи друштва и да флертуваат. Слободните би сакале да се во врска.
ЗДРАВЈЕ: Одлично се чувствувате.
Лав
РАБОТА: Ве очекува многу интересна понуда во текот на оваа недела. Ако не сте задоволни со материјалната состојба, потрудете се да ја подобрите.
ЉУБОВ: Зафатените ќе бидат во чудна љубовна состојба, нивниот партнер ќе флертува со некој друг. Оние кои се слободни немаат сериозни шанси оваа недела.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за имунитетот.
Девица
РАБОТА: Во текот на оваа недела ќе морате да вложите многу повеќе енергија и сила од вообичаено. Финансиските проекти одложете ги за наредната недела.
ЉУБОВ: Ви се допаѓа некоја личност но не знаете како да и пријдете. Оние во врска или брак ги очекува благосостојба.
ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка.
Вага
РАБОТА: Доколку започнувате нова работа или воспоставувате нова соработка, бидете внимателни оваа недела.
ЉУБОВ: Зафатените ќе бидат во стабилна и мирна врска, додека оние кои се сами ќе имаат прилика за страствен флерт.
ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе витамини и минерали.
Шкорпија
РАБОТА: Полето за работа е прилично лошо. Можно е да направите бројни грешки, кои можат скапо да ве чинат.
ЉУБОВ: Една личност се обидува да ви се приближи но вие сте премногу затворени. Зафатените можат да очекуваат променлив однос од партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Променливо.
Стрелец
РАБОТА: Фокусирајте се на обврските кои ги имате. Единствено така ќе успеете сите да ги решите. Не трошете премногу пари.
ЉУБОВ: Опкружени сте со љубов и внимание. Ќе бидете во позитивно расположение, а и партнерот ќе ги следи вашите чекори.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Јарец
РАБОТА: На работното место некој многу ќе ве изнервира, но обидете се да не реагирате премногу бурно пред голем број на луѓе.
ЉУБОВ: Во оваа недела зафатените ќе сакаат да флертуваат со други лица, не правете го тоа, можно е да го загубите партнерот. Оние кои не се во врска ќе имаат добра шанса за нов почеток.
ЗДРАВЈЕ: Намалете ги цигарите.
Водолија
РАБОТА: Полни сте со позитивна енергија и елан. Внесете го тоа на полето на работењето и сигурно ќе отидете чекор понапред.
ЉУБОВ: Оние кои се сами ќе доживеат емотивно зближување со некое лице. Оние во врска ќе имаат потреба од разговор со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Стрес и нервоза.
Риби
РАБОТА: Сте дале ветувања кои не можете да ги исполните и сега не знаете како да ја поправите ситуацијата. Најверојатно ќе загубите од кредибилитетот.
ЉУБОВ: Некој ви оставил голем впечаток, обидете се да дознаете повеќе работи за таа личност. Оние кои се сами неделава ќе најдат солиден партнер.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со мочниот меур и настинка.