Холивудскат актерка Шарзил Терон растела со татко алкохоличар, кој имал и биполарно нарушување, а така се создале услови за психичко и физичко злоставување, а жртви биле таа и нејзината мајка
„Мајка ми е прекрасна личност. Знам дека сите деца го зборуваат тоа за своите мајки, но јас имам право да го кажам. Мајка ми ми го спаси животот“, вели Шарлиз.
Имено, кога Шарлиз имала 15 години, враќајќи се од училиште, нејзиниот татко Чарлс и чичко и’ се враќале од локален бар. Мајка и’ Герта била лута и ја заклучила вратата.
Кога стасал пред куќата, татко и почнал да пука, прво во оградата, па во вратата од кујната. Успеал да ја скрши заклучената врата и да влезе дома. Застанал пред собата на Шарлиз и почнал гневно да вреска.
„Ноќва и двете ќе ве убијам“, рекол татко и’ и пукнал со пиштолот во бравата.
Кога го слушнала, нејзината мајка го зела својот пиштол и го убила сопругот, а брат му го ранила. Кога сфатила што направила, сакајќи да ја заштити ќерка си, ја замолила Шарлиз да замине од дома.
Една година по трагедијата, Шарлиз се преселилa во Милано со желба да почне со манекенската кариера, а неколку месеци подоцна ја отишла во Холивуд.