Претседателот на САД Барак Обама ги додели претседателските медали на слободата, најголемо цивилно одликување во САД, кое се доделува на поединци кои значително допринеле за националните интереси на таа земја.
Медали добија кошаркарската ѕвезда Мајкл Џордан, актерите Роберт Редфорд, Том Хенкс, Роберт Де Ниро, музичките легенди Дајана Рос и Брус Спрингстин, како и комичарката Елен Деџенерис.
„Секој на оваа сцена ме допре на силен и личен начин. Сите овие луѓе ми помогнаа да бидам личноста која сум денес без да бидат свесни за тоа“, изјави Обама на свеченоста во Белата куќа.
Престижните претседателски медали на слободата им се доделуваат на поединци кои значајно допринеле за американските национални интереси, безбедноста, културата, мирот и филантропијата.