Познатата водителка Елен Деџенерис и актерката Порша де Роси се пред развод.
„Постојано се расправаат поради проблемите на Елен со алкохолот, бесот и расипништвото“, откриваат блиски пријатели на парот.
Ако дојде до развод, многумина претпоставуваат дека тоа ќе биде еден од највалканите, но и најскапите разводи во Холивуд. Тоа и не е за чудење, со оглед на фактот што имотот на познатата водителка се проценува на 345 милиони долари.
Милионите на сметката, ја направиле познатата водителка неподнослива, а своето незадоволство најмногу го искажувала кон Порша, со која е во брак веќе осум години.
„Порша многу сака семејство и деца, но Елен не сака ни да слушне. Елен е опседната со контролирање на нивниот живот и кариера, а Порша повеќе не може да го трпи тоа“, открил близок пријател на парот за „InTouch Weekly“.
Бракот им е на раб на развод, а иако веќе со месеци се зборува за тоа, овој пат тоа навистина ќе го направат, додал добро упатениот извор.