Познатата актерка доби тужба од 10 милиони долари

Продуцентите на филмот „Лондонски полиња“, Крис Хенли и Џордан Гертнер поднесоа тужба во судот против американската актерка Амбер Херд.

Тие ја обвинуваат дека ги саботирала снимките и не ги исполнувала условите на договорот.

„Херд била свесна со суштината на својата улога. Таа го прочитала сценариото, коа содржи вулгарности, провокации и голи сцени со нејзино учество“, се вели во барањето, пишува TIME.

амбер хард

Според зборовите на продуцентите актерката намерно ги избегнувала снимките со голите сцени и го убедувала режисерот Метју Кален да скрати дел од нив.

Сето ова дава основа на креаторите на филмот да ја дадат актерката на суд и да бараат од неа отштета од 10 милиони долари.

Амбер Хард