Ја официјализираа врската: Рита Ора во боксот на Мекларен навиваше за Луис Хамилтон

Долго озборуваната врска меѓу трикратниот светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон и пејачката Рита Ора се официализира во Абу Даби.
Пејачката за време на последната трка од шампионатот беше во боксот на англичанецот од каде што навиваше тој да биде повторно шампион.

Во боксот на германскиот тим беше и легендата во тенисот Роџер Федерер, кој во моментов не игра поради повреда.

Но, иако Хамилтон на крај заврши прв и имаше повеќе победи од својот клубски колега Нико Розберг, сепак титулата не отиде во рацете на Хамилтон.

рита ора и хамилтон