Состојки:
10 помали тортиљи,
30 грама мелено пилешко месо,
200 грама кашкавал,
1 главица кромид,
зачини по вкус,
100 мл вода,
500 мл сок од домат,
5 лажици масло
Подготовка:
Ситно исецкајте го кромидот, додајте три лажици масло, чаша вода и сув зачин, па динстајте додека не омекне. Додајте го месото, половина чаша вода и продолжете со динстањето. Кога месото е готово, додајте половина од изренданиот кашкавал и посолете по вкус. Наредете ги тортиљите, па на секоја ставете подеднакво прелив. Завиткајте ја секоја како палачинка. Наредете ги во тепсија, намрсена со масло. Измешајте ја водата и сокот од домати и прелијте ги тортиљите. Одозгора додадете го остатокот од ренданиот кашкавал. Тепсијата ставете ја во рерна загреана на 200 степени да се пече околу 20 минути.

