Го покажа дијамантскиот прстен: Кети Пери и Орландо Блум се верија

Кети Пери се појави на добротворната гала вечера на „UNICEF“ во Њујорк со нов дијамантски прстен и веднаш предизвика шпекулации дека е свршена за своето момче Орландо Блум.

Според новите гласини актерот ја запросил американската поп ѕвезда на „Денот на благодарноста“.

Пред една недела дури и се појавија гласини дека парот се разделил, токму затоа што таа сака брак.

Кети Пери

Пред неколку дена, сепак Пери ја демантираше разделбата со Блум, со споделување фотографии од Денот на благодарноста во домот на нејзините родители во Санта Моника, на кои се гледаше и актерот.

Пријатели на пејачката тврдат дека никогаш не ја виделе посреќна на личен план.

Кети Пери и Орландо Блум