Принц почина во април оваа година, а сега излегуваат детали од неговиот приватен живот.
Музичката ѕвезда пред смртта наводно бил оженет со Клер Елизабет Елиот, која сега од судот бара таа да раководи со богатството на Принц, а не банката „Bremen Trust“.
Жената тврди и дека ги има потребните документи со кои ќе докаже дека била венчана со музичарот.
Но, таблоидот „ТМЗ“ се потруди да дојде до тие документи и немаше успех. Според нив не постои никаков доказ дека таа му била сопруга.