После нервниот слом: Ким Кардашијан и Кание Вест не живеат заедно

По испуштањето од болница раперот не живее заедно со својата сопруга, Ким Кардашијан и децата.

Според извори блиски до двојката ова е поврзано со Кардашијан која не сака мажот да биде со децата, бидејќи неговата состојба останува несигурна.

ким, кание и норт вест

“Тоа беше вистински пекол. Однесувањето на Кание многу силно влијае врз нивниот брак. Но Ким чувствува олеснување дека тој ја добива помошта што му е потребна. Таа смета дека тоа ќе го спаси и ќе помогне на нивниот брак “, изјави еден од изворите.

Друг додава дека иако во семејството има проблеми, љубовта помеѓу Ким и Кание не се намалува: “Како и во сите односи, тие исто така имаат разочарувања и проблеми. Но тие се сакаат “, истакна пријател на семејството.

ким кардашијан и кание вест