Во Лондон синоќа се одржаа Британските модни награди, а на црвениот тепих се појавија Наоми Кемпбел, Карли Клос, Џиџи Хадид, Кејт Мос, Салма Хаек, Никол Шерцингер, Леди Гага и многу други.
Ѕвездите се одлучија за децентни бои, а многу од нив, како манекенките Џиџи Хадид и Алекс Чанг, облекоа интересни модели.
21-годишната Џиџи ја освои наградата Интернационален модел на година, а тоа го оправда и со својот изглед – блескаше во необичен комбинезон панталони во сребрена боја.
Карли Клос, Кејт Мос и Леди Гага останаа верни на црната боја, во своите долги елегантни тоалети.
Единствено пејачката Никол Шерцингер не можеше да му одолее на трендот на разголување, па се појави во проѕирен комбинезон.
Погледнете што носеа другите дами на британски модни награди.