Познатиот британски актер Питер Вон, познат по неговата улога во „Игра на тронови“, почина во 93-та година од својот живот.
„За жал, Питер почина околу 10:30 часот утринава. Тој умре мирно со неговата фамилија околу него“, изјави неговиот агент Сали Лонг-Инес.
Вон ја започна актерската кариера во 50-те години од минатиот век и стана препознатливо лице глумејќи главно споредни улоги на сцена, телевизија и филм.