Странските медиуми пишуваат дека актерот Саша Барон Коен пронашол инспирација во новиот претседател на Америка, Доналд Трамп и дека токму него ќе го глуми во новиот филмски проект.
“Fox Searchlight” би требало да го започне новиот проект во кој Саша Барон Коен ќе ја има главната улога.
Како што се пишува, филмот ќе се занимава со сатиричен поглед на светот, прикажан низ очите на супер милијардер кој се занимава со недвижнини.
Ако таквиот опис на главниот лик ве потсеќа на идниот претседател на Америка, не сте далеку од вистината, иако никаде не се наведува конкретно дека предмет на шега овој пат е Трамп.