Болеста на американскиот рапер Кание Вест е последица од неправилна употреба на препишани лекарства, јавува таблоидот „ТМЗ“.
Извор за списанието тврди дека Вест страда од повеќе психички растројства, и за да води нормален живот, потребно е редовно да пие одредени лекови.
Тој не ги следел упатствата на лекарите, препишани по траумата откако во октомври во Париз неговата сопруга Ким Кардашијан беше ограбена.
А тоа пак, доведе тој по неколку седмици да доживее нервен слом, по што и неговата годинешна турнеја беше прекината.
Деновиве имаше и гласини дека Ким и Кание нема живеат заедно, се додека неговата психичка состојба не се нормализира, зошто тој претставувал опасност за нивните деца.