Легендарниот американски актер Кирк Даглас, кој е еден од последните живи ѕвезди на златната ера на Холивуд, го слави својот 100-годишен јубилеј.
Кирк во интервју за неделникот “Клоузр викли” раскажа дека ќе го одбележи роденденот, кој ќе биде навистина голем, во вилата во Лос Анџелес.
Од почетокот на филмската кариера во 1946 година, Кирк Даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане запомнет меѓу другото и по филмовите „Шампион“, „Пресметка кај ОК коралот“, „патеки на славата“, „Последниот воз од Ган Хил“, „Спартак“ и многу други.
Тој трипати беше номиниран за наградата Оскар за главна машка улога, но златната статуетка ја крена само еднаш и тоа во 1996 година, кога доби Оскар за животно дело.