Вчера во Скопје по кратко и тешко боледување почина кралицата на ромската музика, Есма Реџепова.
Нашиот музички амбасадор како во Македонија, така и во светот остави голем белег како примадона на европското пеење.
Есма во 2013 г. ја доби и престижната титула Национален уметник на Република Македонија, а во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем борј хуманитарни акции.
Вчера социјалните мрежи беа преплавени со нејзина музика и последни поздрави за кралицата на ромската музика.
Македонската естрада изрази големо жалење, а помеѓу нив беа Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Горан Алачки, Кирил Џајковски, Лила Филиповска, Панчо и многу други.
73 годишната пејачка пред некоја недела беше хоспитализирана поради грип во една од скопските болници.
Погребот ќе се одржи денеска во 12 часот.