Ослич со лук

Состојки:

500 г. ослич
100 мл. маслиново масло
малку мајчина душица
50 г. лук
100 г. кромид
50 г. домат
4 пиперки
малку сол

Подготовка:

Исечкајте го кромидот на поситни, а пиперките на покрупни парчиња. На масло пржете ги неколку минути и потоа додадете ги доматите и пропржете ушете малку.

Во друга тава на масло пржете ги рибите по 2 минути од секоја страна. Сервирајте ги со пржениот зеленчук и лукот исечен на парчиња. Прелијте го зеленчукот со малку маслиново масло и зачинете го со исецкана мајчина душичка.

ослич