Принцот Хари и Меган Маркл очигледно ќе го поминат Божиќ заедно.
Парот вчера се појавил во продавница за елки во јужен Лондон, каде потрошиле 65 фунти на елка.
Вработените и сите присутни во продавницата биле изненадени од посетата на принцот кој дошол без посебни најави и процедури.
Како што велат очевидци, откако ја одбрале елката Хари и Меган фатени за рака се упатиле кон неговиот автомобил и заминале.