Се предомисли: Анџелина Џоли сака да се смири со Бред Пит

На насловната страна на американскиот магазин „Стар“ се наоѓа Анџелина Џоли која наводно прави пресврт во нивниот однос, и наводно, го сака Бред назад.

Таблоидот „Стар“ тврди дека Анџелина Џоли е сè поблиску да му пружи на Бред Пит втора шанса, а на неа најмногу влијаел „Денот на благодараноста“, кога се чувствувала многу осамено.

бред пит и анџелина џоли

„По 12 години заеднички живот, тие имаат посебна врска, Анџелина постојано се прашува дали со наглата одлука ги отфрлила годините коишто можеа да бидат најдобри во нејзиниот живот“, изјавил извор додавајќи дека целата приказна за Анџелина била многу тешко искуство.

Бред го помина празникот „Денот на благодарноста“ на Кипар со пријателите, а целата драма околу старателството над децата и медиумската проследеност на разводот негативно влијаеше на актерската двојка.

бред пит и анџелина џоли со семејството