Почна судењето на комичарот Бил Козби обвинет за три случаи на напад и силувања, а за да се сожали јавноста Козби глуми дека е целосно слеп.
За дрогирање и потоа силување го обвинија повеќе од 50 жени кои тврдат дека Козби во 70-тите години ги повикал кај себе, им ставал дрога во пијалакот па потоа ги силувал.
Иако во 2008 година кога првпат беше обвинет, ги негираше сите обвиненија, пред половина година призна дека тогаш често користел одредени опијати за да им овозможи на девојките да се „опуштат пред сексот“.

Козби на суд ќе се соочи со три жени, чиишто случаи сè уште не се застарени, а на слобода е, бидејќи гарантирал дека поради староста нема да побегне од земјата и платил висока кауција.
„Се прави дека е слеп за да привлече сочувство кај јавноста, бидејќи знае дека за него играта е завршена. Глуми и ќе бараме медицинско вештачење“, рекла адвокатката на жените кои го обивинија за напад и силување.

